Украина соборила 17 руски дронови истрелани на нејзина територија

Украинските сили ги соборија сите 17 беспилотни летала камикази лансирани од Русија синоќа, соопшти војската на Киев, цитирана од британските медиуми.

-Вечерва руските окупатори повторно ја нападнаа Украина, користејќи 17 нападни беспилотни летала. Украинските единици за воздушна одбрана го уништија секој од нив, објави украинскиот Генералштаб на Фејсбук.