Унгарија: Средба меѓу Трамп и Орбан на 7 ноември во Вашингтон

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 7 ноември во Вашингтон, изјави денес неговиот шеф на кабинет Гергели Гуљас.

Тој им изјави на новинарите дека на состанокот ќе се разговара за агендата што би можела да доведе до мировен договор во Украина, пренесува Ројтерс.

Орбан претходно изјави дека на планираната средба со Трамп ќе разговара за санкциите на САД против руските нафтени компании, според агенцијата.