„Уника иншуренс груп“ (UNIQA Insurance Group AG) одлучи да го продаде својот осигурителен бизнис во Македонија, Албанија и Косово. Во информацијата објавена на терминалот на „Блумберг“ се вели дека како дел од своето стратешко управување со портфолиото „Уника иншуренс груп“ континуирано ги оценува сите пазари на кои е активна во однос на нивните перспективи.
Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Уника иншуренс груп“ одлучиле да го продадат целото учество на „Уника“ во „Сигал Уника груп Австрија“ (90 отсто од акциите) на Авни Понари, основач и малцински акционер на „Сигал груп Австрија“.
Договорот за купопродажба на акции се очекува да биде потпишан во наредните денови. Набавната цена е предмет на доверливост.
Извор: Блумбер Адриа