УШТЕ ЕДНО УБИСТВО НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРО 2024 Масовна тепачка меѓу навивачи на теренот, еден избоден до смрт

Победата на германската репрезентација ја одбележа трагичен настан. Имено, во петокот вечерта околу 23 часот неколку лица се судрија на спортскиот терен на ВфБ Унтерлидербах во Франкфурт. Избила масовна тепачка, а еден навивач бил избоден со нож.

На местото на настанот веднаш биле испратени силни полициски сили. Сепак, како што пишува Билд, тие пристигнале предоцна за да му помогнат на Германецот (31) од Франкфурт. Починал на спортски терен. Според полицијата, тој се здобил со убодна рана во горниот дел од телото.

Десетици полицајци потоа ја пребараа областа, вклучувајќи градини и покриви од гаражи, по бегалецот.

Убиецот се предал

Осомничениот подоцна, наводно, се предал и во сабота треба да се појави пред истражен судија поради сомневање за убиство од небрежност. 30-годишниот осомничен од Фридберг е исто така Германец.

Причината за расправијата и како дошло до фаталниот напад засега не е позната и моментално е дел од истрагата. На местото на настанот имало многу сведоци. Еден член на клубот кој сакаше да остане анонимен рече:

„За среќа, тоа не беше некој од клубот. Ова е навистина многу трагичен настан.

Клупските членови на спортскиот терен го следеа натпреварот од ЕП. Не се знае како и зошто непознатата група дошла во службените простории.

Ова е втор крвав инцидент кој го означи стартот на Европското фудбалско првенство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното