Успешна трансплантација на 28-годишен пациент со руптура на преден вкрстен лигамент на десното колено

Изведена е трансплантација кај 28-годишен пациент со руптура на преден вкрстен лигамент на десното колено, кој претходно имал реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено. За реконструкцијата на предниот вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.

Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.

Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.

-Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното