Уставниот суд отвори предмет по иницијатива на Левица, која го оспори Упатството на АВМУ за локалните избори со образложение дека партијата е лишена од можност за платено политичко рекламирање.
Судот не донесе времена мерка за стопирање на рекламите, бидејќи предметот е во претходна постапка. Судија-известител во рок од три дена ќе побара мислење од АВМУ и ќе провери судска пракса, по што ќе подготви предлог за седница.
Следната редовна седница е на 15 октомври, а одлука пред тој датум е можна само со вонредна седница. Левица и ЗНАМ останаа без државно финансирани минути за реклама, бидејќи според АВМУ не ги исполнуваат условите од Изборниот законик.
Читај и ова:
- 1.На 97 години е кандидат за советник во општина Битола
- 2.Над 410 л/кв.м дожд: Царево бара помош од војската, отвора сметка за донации за настраданите
- 3.Наставник од основно училиште во Кисела Вода истепал ученик!
- 4.Судот го одобри во целост обвинението за трагедијата во Пулс: Почнува патот кон судска разврска за 62 жртви
- 5.Се судриле со возилата во Прилеп па почнале да се расправаат – едниот возач извадил нож и го прободел другиот!