Утре марш за ангелите во Скопје: „Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца“

Родителите на загинатите лица од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани утре организираат марш посветен на ангелите низ Скопје.

Како што велат, истиот ќе започне во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција.

Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред Собранието на Македонија.

„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати – пушти, без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли, кои и онака се на работ на самоуништување. Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца.

Да нема забуни, манипулации и политизирање!!!

Се повикуваат сите граѓани на Македонија за присуство и подршка на семејствата на починатите деца, браќа, сестри, сопружници, членовите на омилениот бенд ДНК кои таа кобна ноќ 16.03.2025 год. трагично загинаа во пожарот во Кочани!!!“, велат тие.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното