Утре почнува Евровизија – Македонија не учествува веќе три години!

Утревечер во Базел почнува Изборот за песна на Евровизија.

Утре вечер е првото полуфинале, додека два дена подоцна е второто и на крај, на 17-ти мај е финалето.

Оваа година Швајцарија е домаќин по победата на Немо.

Македонија веќе три години не учестува во овој натпревар, а последен пат настапивме во 2022 со Андреа Коевска, која ја шокираше јавноста со инцидент во кој го фрли токму знамето кое го претставува.

Од регионот ќе се натпреваруваат Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора, која се враќа по пауза од три години. Босна и Херцеговина не учествува оваа година.

На првото полуфинале ќе учествуваат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Шведска и Кипар, додека пак во второто се Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Австрија, Велика Британија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Франција, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Германија, Србија и Финска.