Утре почнува грејната сезона – училиштата во Карпош ќе останат со ладни радијатори за да заштедат!

Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе спремни, Општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури.

Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда.

Од ЕСМ информираат дека на барање на општината, испораката на топлинска енергија ќе биде одложена до почетокот на ноември за сите осум училишта кои ја користат нивната услуга.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното