МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) -1 Лазарополе, 0 Берово, 2 Претор, Попова Шапка, 3 Крива Паланка, Маврови Анови, 4 Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Крушево, 5 Велес, Демир Капија, Гевгелија, 6 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид, Тетово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m 2 ) 2 Виница, 1 Крива Паланка.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h).
Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне и во вечерните часови на повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 9 степени.