Утрово граѓаните на Берово и Битола се разбудија со температура од -4 степени.
По нив следуваат и -2 Тетово, Струмица, -1 Скопје – Петровец, Демир Капија, Прилеп, Mаврови Анови, Гевгелија, Штип, Велес, 0 Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци, 1 Охрид, Претор, Виница, Kрушево, 2 Попова Шапка, Тополчани, Пожаране, 4 Ѓуриште.
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.