Утрово Македонија се соочува со ниски температури, а најстудено е во Берово со -12 степени Целзиусови.
Во Битола се измерени -8 степени, во Тетово -7, во Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија и Струмица -6, во Штип -5, а во Виница и Кавадарци -4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид температурата е -3, во Дебар -3, додека во Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево и Попова Шапка се измерени -2 степени. Најтопло е во Охрид и Гевгелија, со -1 степен.
Највисока снежна покривка има во Попова Шапка, каде што достигнува 53 см. Следуваат Маврови Анови со 45 см, Крушево со 29 см, Битола со 20 см, Дебар со 18 см, Тетово со 11 см, Демир Капија и Берово со 8 см, Штип со 7 см и Крива Паланка со 3 см.