Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е во Берово со -7 степени, следуваат Крива Паланка со -5, Крушево -4, Виница -3, Штип, Маврови Анови и Попова Шапка со -2, Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица со -1, Скопје-Петровец, Тетово и Битола со 0, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес со 1 и Гевгелија со 3 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка – 31 см, а во Маврови Анови 8 см.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од 3 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно, со можност за слаби врнежи од дожд и снег во одделни делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 7 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното