Утрово најстудено во Битола, измерени -6 степени – најмногу снег на Попова Шапка!

Најниски температури утрово се измерени во Битола со -6°C, додека во Прилеп беше -5°C. Во поголемиот дел од Македонија, температурите беа под нула, освен во Скопје, Претор, Гевгелија и Охрид.

Најмногу снег имаше на Попова Шапка, а потоа следуваа Маврово, Крушево, Битола и Дебар.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (°С):

-6 Битола, -5 Прилеп, -3 Тетово, Штип, Виница, Куманово, -2 Дебар, Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Скопје-Петровец, Крушево, 1 Претор, Гевгелија, 2 Охрид.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (cm) во 07 часот:

46 Попова Шапка, 42 Маврови Анови, 22 Крушево, 17 Битола, 10 Дебар, 9 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Штип, Берово, 5 Лазарополе.

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе се движи помеѓу 0 и 7 степени. Во Скопје, се прогнозираат послаби врнежи од дожд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното