УЖАС: Дрво падна врз жена во Скопје, итно пренесена во болница

Невреме доаѓа во Скопје, а во моментов има силен ветер кој дува со голема брзина, што придонесе да паднат неколку дрва.

Во центарот на Скопје на булеварот Климент Охридски во близина на Европскиот универзитет, дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21.

ТВ21 забележа и неколку паднати дрва низ главниот град. Се очекуваат и врнежи од дожд и град во Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното