УЖАС: Србин фрлил граната врз поранешната девојка и нејзиниот партнер, a потоа ги избодел со нож

Германската полиција осомничи 61-годишен српски државјанин за нападот што се случи во петокот вечерта во Берлин. Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот активирал рачна граната на влезот во станбена зграда во населбата Рајникендорф во германската престолнина. Во нападот се повредени две жени и еден маж, пишува Телеграф.

Уапсен е во дворот на блиската зграда

„Повредените во нападот се во критична состојба, се надеваме дека ќе преживее“, соопшти вчера полицијата.

Оттаму додаваат дека откако ја активирал гранатата, осомничениот извадил нож и почнал да ги боде жртвите.

„Се сомнева дека мотивот за нападот се нерасчистени љубовни врски, бидејќи Србинот бил во врска со нападнатата 42-годишна жена“, изјавиле оттаму.

Мажот кој е во критична состојба наводно е новиот партнер на повредената, додека другата повредена е нејзина пријателка. По нападот, осомничениот Србин побегнал во дворот на блиската зграда, каде што бил уапсен. Германските медиуми јавуваат дека повредените жени се исто така српски државјанки, додека повредениот е од Босна и Херцеговина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното