В сабота се одбележува 13-годишнина од монструозните убиства на пет лица кај Смилковско езеро

Во сабота ќе се одбележи 13 годишнина од монструозното убиство на пет лица кај Смилковското езеро.

Настанот е закажан за 12 часот во скопската населба Радишани, кај Крстот.

„Ве повикуваме и покануваме сите кои што сте во можност да дојдете да им оддадеме почит на нашите браќа Кире, Цветанчо, Александар, Филип и Борче. Затоа што нашата почит ја заслужија, затоа што никогаш нема да бидат заборавени“, велат од организацијата.

На 12 април 2012 година кај езерото во атарот на селото Смилковци е извршено монструозно убиство на пет лица со огнено оружје.

Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, затоа што биле најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното