Вашиот Инстаграм автоматски го заследи Трамп? Објаснувањето е едноставно

ПО инаугурацијата на Доналд Трамп, многу корисници на социјалните мрежи останаа збунети околу една работа. Забележале дека ги следат корисничките сметки на новиот претседател и потпретседател на Инстаграм иако, како што тврдат, никогаш не ги посетиле тие профили. Без разлика, велат, најавите на Доналд Трамп и Џ.Д. Венс се појавува во нивните доводи.

Некои корисници дури пријавија дека повеќепати ги прекинале следењата на тие сметки, но Instagram автоматски ги додава назад. Овој феномен поттикна бројни теории, но вистинското објаснување е многу помалку возбудливо. Мета рече дека правилата на социјалните мрежи се менуваат кога новиот претседател ќе дојде во Белата куќа. Овие правила важат не само за претседателот, туку и за сметките на првата дама и потпретседателот.

За што се работи?

Мета вели дека кога ќе се смени владата во Белата куќа, официјалните сметки на социјалните мрежи се префрлаат на новата администрација.

На пример, на 20 јануари, кога Трамп ја презеде функцијата, официјалните сметки на Инстаграм и Фејсбук на сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден беа архивирани. Инстаграм профилот на Бајден сега оди под корисничкото име @potus46archive, додека официјалната сметка на Трамп сега е @potus. Следбениците на сметката на Бајден автоматски беа префрлени на сметката на Трамп, што е стандардна практика на социјалните мрежи. Тие додаваат дека архивираните сметки се задржуваат со постоечките следбеници, но содржината се брише.

Како да не следите?

Доколку корисниците на Инстаграм не сакаат да ги следат Трамп или Венс, процесот е ист како и за која било друга сметка. Едноставно треба да кликнете на трите точки на профилот и да ја изберете опцијата „unfollow“ или „block“.

Иако автоматското следење може да изгледа наметливо, тоа е дел од стандардниот процес за да се обезбеди континуитет на комуникација помеѓу Белата куќа и јавноста. За оние кои не го сакаат тоа, опцијата за откажување е секогаш при рака.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното