Папата Франциско, кој во петокот беше пренесен во болница на лекување на бронхитис, има респираторна инфекција, но е во стабилна состојба, соопшти Ватикан.
„Светиот Отец беше подложен на специјалистички прегледи и почна со фармакотерапија во болницата“, се вели во соопштението на Ватикан.
„Првичните наоди покажаа инфекција на респираторниот систем“, се додава во соопштението.
Клиничката состојба му е добра, има блага температура“.
Папата Франциско во петокот беше пренесен во болница на тестови и продолжување на лекувањето на неговиот бронхитис, соопшти претходно Ватикан.
Франциско, папа од 2013 година, боледуваше од пневмонија и голем број други здравствени проблеми во последните две години.