Ве касаат комарци? Еве 5 домашни трикови кои веднаш го ублажуваат чешањето

Скоро и да не постои човек кој не почувствувал на своја кожа колку е досадно и иритирачко чешањето предизвикано од убод од комарец.

Доволен е само еден ваков мал инсект за да ви се уништи сонот во летните месеци и неколку дена да ве измачува непријатното чешање.

Еве неколку домашни трикови:

  • Паста за заби

Состојките на пастата за заби имаат антибактериски, антиинфламаторно дејство и ослободуваат од болка. Затоа, слободно исцедете мала количина на убодот од комарците.

  • Аспирин

Смачкајте го аспиринот и измешате го со вода за да создадете паста. Овој трик ги намалува чешањето и иритацијата.

  • Мраз

Мразот е одличен за намалување на отокот и воспалението. Завиткате ја коцката мраз во хартиена крпа и држете ја на местото на убодот 20 минути додека не се стопи. Важно е да не ставате мраз директно на кожата за да не добиете „изгореници“ од мразот.

  • Мед

Медот има бројни лековити својства; делува антибактериски и антиинфламаторно. Ставете мала количина на меурите за пункција. Не само што медот ќе го намали отокот, туку и ќе ве спречи да гребете.