„Вечна катастрофа“: Сергеј Варошлија распали по Огнен Здравкоски

Во синоќешното издание на емисијата „Мода“ која ја води добро познатиот Сергеј Варошлија како и по обичај и овојпат слушавме пофалби и критики.

Синоќа на мета се најде Огнен Здравковски кој зема учество на еден фестивал во Бугарија.

Во секојдневното издание на емисијата „Мода“ имаме прилика да слушнеме модни критики и пофалби на Сергеј Варошлија.

Сергеј прво искоментира една фотографија на која Огнен е со некоја пејачка.

„Дечково до нејзе е во катастрофална модна комбинација. Вечна катастрофа. Бела кошула, бели фармерки, црн каиш, црвени патики и црно сако, заедно двајцата на плочки во некој ходник. На што личите, па на ништо. Ни тој сам за себе, ни таа сама за себе, за двајцата: ќе ми пукне душата“ искоментира Сергеј.

Потоа, Сергеј го коментираше и стајлингот на Здравкоски за настапот во Бугарија.

„Мислам дека тука во оваа ситуација молчењето е најдобра работа. Ова изгледа како да е фотографирано во некоја месна заедница. Не, со ваков изглед не на фестивал“ истакна Варошлија.

Огнен ги слушна советите и коментарите на модниот критичар, па на „Инстаграм“ објасни дека за следниот настап и фестивал ќе го побара Сергеј за да му помогне за стајлинг.

Извор: Вистина.мк

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното