Сер Кир Стармер, премиерот на Обединетото Кралство, во интервју за Би-Би-Си во неделата наутро рече дека ќе работи со лидерите на Украина и Франција за да презентира „план за запирање на борбите“.
Британскиот премиер рече дека „веројатно уште еден или двајца“ лидери би можеле да соработуваат на планот. Потоа „ќе разговараме за планот со САД“, нагласи Стармер.
Лидерите од голем број земји денеска ќе се сретнат во центарот на Лондон на итен самит за војната во Украина, по она што се случи во Белата куќа претходно оваа недела – со нападот на Доналд Трамп и Џ.Д.Венс на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер утрово ќе ја пречека италијанската премиерка Џорџија Мелони на Даунинг стрит.
Двајцата лидери потоа ќе се сретнат со украинскиот претседател, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Ќе присуствуваат и лидерите на Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Финска, Шведска, Чешка и Романија, како и министерот за надворешни работи на Турција.
Поканети се и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.