ВЕСТА ЗА СМРТТА НА ТАТКОТО ЈА ДОЗНАЛА ВО АВИОН: Марин Ле Пен се враќала кога ја информирале новинарите

Жан Мари Ле Пен (96) почина денеска напладне, опкружен со најблиските роднини, но меѓу нив ја немаше неговата ќерка Марин Ле Пен.

Во моментот на смртта на нејзиниот татко, Марин Ле Пен се враќала од посета на прекуморската територија на Мајот, која неодамна ја зафати големо невреме со трагични последици.

Веста за смртта на нејзиниот татко ја нашла француската политичарка во авионот кој се враќал од Мајот, каде што престојувала од неделата. Дека нејзиниот татко починал дознала од новинарите кои ја следеле нејзината посета.

Новинарите веста ја дознале при техничкото слетување на авионот во Најроби, Кенија. Информацијата им била пренесена на советниците на Ле Пен, а кога ја известиле, Марин Ле Пен се осаменила и направила неколку телефонски повици, пред авионот повторно да полета, кон Париз.

Жан-Мари Ле Пен почина во болница во Гарх, во западното предградие на Париз, блиску до неговиот дом. Тој беше примен во болница во средината на ноември, по срцев удар и физичка слабост.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното