Ви се затнаа ушите од вода? – Еве неколку корисни трикови

Во текот на летниот одмор на многумина им се затнуваат ушите додека се капат во базен, езеро или пак море.

Ние веќе знаеме еден трик со скокање на една нога, но доколку тоа не помага, тогаш пробајде еден и од останатите три методи.

  • Џвакајте, или барем глумете дека џвакате

Коските на вилицата се наоѓаат во близина на ушите и помага да правите вежби како џвакање на храна. Изедете нешто, ставете мастика или едноставно импровизирајте.

  • Креирајте вакуум во уво

Ставете го увото од кое не излегува водата на дланката, а потоа притиснете ја дланката и одеднаш пуштете. Така ќе направите вакуум за извлекување на водата од увото.

  • Исушете го увото со топол воздух

Доколку на плажа не сте успеале да ја извадите водата, кога стигнете дома, само исушете го со топол воздух, со фен. Наместете го на најслабо и ставете го на оддалеченост од 30 сантиметри. Топлиот воздух ќе помогне да се исуши водата од увото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното