Четири годишно дете е спасено од автомобилот кој попладнево излета во реката Вардар кај село Рашче. Во автомобилот имало вкупно 5 лица, а по 4 се уште се трага во водите на реката Вардар.
Детето го пронашле случајни минувачи и итно го пренеле во болницата „8-ми септември“ од каде подоцна било префрлено на детска хирургија.
Од МВР информираат дека специјална единица тигар во овие моменти се обидува да го извади возилото.
„Состојбата на детето е стабилна направени се проценки, компјутерска томографија сите се уредни. Но поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервација“, вели д-р Лазо Јовчевски, директор на детска хирургија.