ВИДЕО: 85-годишна жена извлечена од урнатините по 107 часа

85-годишната Зејнеп била спасена откако поминала 107 часа во урнатините. 85-годишната жена повеќе од четири дена била заробена во урнатините на станбена зграда во градот Адијаман на југоистокот на Турција, пишува Sky News.

Humanitarian Relief сподели видео на Твитер на кое се гледа една постара жена моменти откако била извлечена од урнатините. На видеото се гледа како 85-годишната жена седи завиткана во ќебе додека спасувачите комуницираат со неа.

Таа е една од стотиците луѓе кои беа извлечени од урнатините на уништените згради во Турција по силните земјотреси во понеделникот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното