ВИДЕО Авион кој превезувал болно дете и петмина луѓе се урна во населениот дел на Филаделфија, нема преживеани

Авион за итна медицинска помош со шест лица, меѓу кои и едно дете, се урна во близина на трговски центар во Филаделфија, Пенсилванија. Нема извештаи за преживеани.

Во авионот имало четворица членови на екипажот, едно дете кое се превезувало и уште едно лице кое го придружувало детето, пренесува Ројтерс.

„Во овој момент не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се вели во соопштението на компанијата за брза помош. Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека е „толку тажно да се види авионска несреќа во Филаделфија … „Повеќе невини животи се изгубени“, коментираше и американскиот претседател.

Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточна Филаделфија и дека има повеќе повредени. Видео емитувано на локалните телевизиски станици покажа дека авионот вртоглаво паѓа пред да удри во земјата и да експлодира во огромна огнена топка. Градоначалничката на Филаделфија Шерил Паркер на прес-конференција на местото на настанот изјави дека неколку куќи и автомобили биле зафатени во пламен.

Сè уште не е јасно што го предизвикало инцидентот. Во моментот на пад

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното