ВИДЕО Бремена жена пливала во морето и почувствувала нешто лигаво на стомакот

Вирално видео снимено минатиот октомври на плажата во градот Мартиг во Франција повторно кружи на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. На видеото се гледа како бремена жена излегува од морето, а за нејзиниот стомак е прикачен мал октопод.

„Мојата девојка пливаше, а кога излезе од морето видовме дека за нејзиниот стомак се залепи мал октопод. Бев во целосен шок“, напишал авторот на видеото.

Оттогаш видеото собра речиси 300 милиони прегледи и 4,8 милиони лајкови, а необичната сцена се коментира и денес.

„Октоподот си најде нов пријател“, „Само сакаше да го почувствува бебето“, „Колку слатко“, се дел од коментарите.