Направете вкусен појадок. Овие лепињи ќе ги јадете цел ден, превкусни се и лесни за подготовка.
СОСТОЈКИ:
1 кг. брашно
2 лажички шеќер
2 лажички сол
1,5 лажички квасец
4 лажици масло
6 дл. млака вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се мешаат сите состојки, се прави тесто, па се остава да нарасне половина час.
Се дели на 12 топчиња и секоја се остава уште 5-10 минути со крпа за да нарасне.
Ги обликувате потоа топчињата со рака, па секоја се расукува во круг и се става во тепсија.
Во еден плех ќе ви собере 4 лепињи. Се печат на 200 степени околу 12 минути.
Може да се испечат дури и на тава.
Деталната подготовка во видеото:
