Чизкејкот се правел во античка Грција со само три состојки – брашно, сирење и мед. Денес оваа торта е популарна низ целиот свет и секој ја подготвува на различен начин. Ви носиме и корејски рецепт за чизкејк од боровинки кој можете да го послужите и кога имате гости.
Состојки:
1 пакување бисквити
50 ml топла вода
20 гр шеќер
1 лажичка сок од лимон
За полнење:
200 гр крем сирење
45 гр шеќер
140 мл слатка павлака
30 ml ладна вода
5 g желатин
1 лажица сок од лимон
За глазурата од боровинки:
80 гр боровинки
30 гр шеќер
1 лажичка сок од лимон
80 гр јогурт
3 g желатин
15 ml вода
За декорација:
60 мл слатка павлака
1 лажичка шеќер
1 лажица глазура од боровинки
Желатинот натопете го во вода и оставете го да набабри. Во сад изматете го крем сирењето со 35 гр шеќер, па измешајте го со слатката павлака која сте ја изматиле со 10 гр шеќер. На крајот во смесата додајте го желатинот што сте го стопиле на пареа и сето убаво измешајте. Истурете сок од лимон и измешајте. Во сад со димензии 8х18 ставете хартија за печење, па истурете ја добиената смеса и израмнете ја. Во сад измешајте ги топлата вода, шеќерот и лимоновиот сок, па потопете ги бисквитите и наредете ги преку филот. Покријте со проѕирна фолија и ставете во замрзнувач 5 часа. Во блендер измешајте ги боровинките, шеќерот, сокот од лимон и јогуртот, па добро измешајте. Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри. Во тавата сипете ја глазурата од боровинки и загрејте ја кратко, па додадете го желатинот. Се добро измешајте и процедете. Извадете ја тортата од калапот и ставете ја на решетка под која ќе ставите чинија. Истурете ја глазурата од боровинки (поставете една лажица на страна), а потоа вратете ја во фрижидер да се стегне. Изматете ја слатката павлака со шеќер и глазура од боровинки и декорирајте го чизкејкот.