ВИДЕО Демонстрантите поминаа и ги поздравија со аплауз повредените во болница по трагедијата во Кочани

Над 10 илјади граѓани вечерва марширајќи низ скопските булевари поминаа и пред болницата Св. Наум Охридски и со аплауз ги поздравија сите повредени по трагедијата во Кочани.

Од тука протестниот марш продолжи кон Влада каде побараа одговорност за сите досегашни трагедии во Македонија.

„Ако забораваме, трагедиите ќе се повторуваат“, рече една од демонстрантите.

Силниот дожд не ја спречи толпата да маршира и бара правда. 16 минути се молчеше пред зградата на Владата во почит на жртвите од трагедијата. Беше запален и темјан чиј мирис брзо се прошири низ булеварот.

„Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”, „Ваш профит, наши животи“.

Истовремено, МВР изнформираше дека овие улици се затворени за сообраќај, а попладнево стигна соопштение во кое се вели дека Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното