ВИДЕО Два дрона се урнаа во близина на аеродромот во Дубаи, има повредени

Властите во Дубаи потврдија дека два дрона се урнале во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB), при што четири лица се повредени.

Се наведува дека еден државјанин на Индија се здобил со повреди од среден степен, додека двајца државјани на Гана и еден државјанин на Бангладеш поминале со полесни повреди, пренесува Б92.

Одделни медиуми пишуваат дека дошло до привремено запирање или нарушување на сообраќајот, додека други наведуваат дека воздушниот сообраќај, и покрај падот на дронот, се одвива нормално.

Еден патник на аеродромот изјавил за BBC дека на патниците им било кажано да се оддалечат од стаклените прозорци и да се преместат во побезбедна зона.

Во саботата дрон паднал во близина на терминалната зграда и предизвикал експлозија.