За да се справи со проблемот со кој возачите често се соочуваат во зима, еден корисник на YouTube реши да тестира различни производи за да открие кои всушност функционираат.
Како што вели, ова е наједноставниот можен трик што можете да го направите за да не се замаглат стаклата на вашиот автомобил.
Во зимскиот период, кога температурите се повеќе паѓаат кон нула, а поради разликата во температурите надвор и внатре во возилото, стаклата на автомобилот имаат тенденција да се замаглуваат.
За да го спречи ова, овој корисник на YouTube користел пена за бричење, бебешко масло, компири и гел за раце. Неговиот заклучок беше дека пената за бричење најдобро функционира и може да ви помогне со овој проблем.