Свет

ВИДЕО ГОЛЕМ БИЛБОРД СЕ СРУШИ: Страшна несреќа на бензинска пумпа, над 50 повредени

ВИДЕО ГОЛЕМ БИЛБОРД СЕ СРУШИ: Страшна несреќа на бензинска пумпа, над 50 повредени

Страшна несреќа се случи во Мумбаи кога огромен џиновски билборд беше срушен од бурните ветрови, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 50 беа повредени.

На видеото се гледа како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар.

Билбордот беше веднаш спроти бензинската пумпа. При падот металната конструкција на билбордот скинала покриви на неколку возила кои биле на пумпата.

– Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец.

Дождови и силни ветрови денеска зафатија делови од Мумбаи и соседните градски области, нарушувајќи го нормалниот живот, а неколку луѓе беа повредени во различни инциденти.

Откажани летови

Ненадејните дождови и силните ветрови влијаеја на движењето на летовите и возовите. Неколку летови кои доаѓаа до Мумбаи беа пренасочени поради слаба видливост. Патниците се предупредуваат на големи доцнења.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни