Викендот после Нова Година традиционално е време за македонските граѓани да заминат на скијање. Но не на Пелистер или Маврово, туку во Бугарија. Гужва и долги колони на граничниот премин „Деве Баир“ за излез од Македонија регистрираше ТВ21.
Според наши информации ваква е сликата и на останатите македонско-бугарски гранични премини.
Македонците се почесто одат на скијање во соседството, а во Битола низ градот се поставени и рекламни билборди за тоа што нуди Банско оваа година.