Две жени загинаа вечерва на пругата кај Лапово, кога на нив удри воз кој сообраќал на линијата Земун-Ниш.
Трагедијата се случила во 17 часот и 40 минути.
Пожарникарите извлекле една жртва бидејќи била под возот, пишува „Блиц“.
Железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.
Се утврдува идентитетот на починатиот, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство, велат од Танјуг.