ВИДЕО Голема трагедија кај Лапово: Воз прегази две жени

Две жени загинаа вечерва на пругата кај Лапово, кога на нив удри воз кој сообраќал на линијата Земун-Ниш.

Трагедијата се случила во 17 часот и 40 минути.

Пожарникарите извлекле една жртва бидејќи била под возот, пишува „Блиц“.

Железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.

Се утврдува идентитетот на починатиот, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство, велат од Танјуг.