ВИДЕО Хеликоптер удри во зграда на болница во Турција – има загинати, ова ли е причината?!

Хеликоптер се урна во болница за обука и истражување во Турција, при што загинаа четири лица.

Според турските медиуми, хеликоптерот се урнал во близина на болницата. Во несреќата животот го загубија пилотите, лекар и еден член на персоналот.

– Хеликоптер на брза помош на Министерството за здравство при полетување удрил во 4 кат во Тренинг и истражувачката болница и се урнал. Има густа магла, се истражува причината за несреќата. Хеликоптерот потоа падна во празен простор – изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбик.

По известувањето за несреќата, на местото на настанот се испратени екипи на противпожарна, медицинска, полиција и АФАД.

Се сомнева дека причина за несреќата е маглата, а по несреќата на социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии од урнатиот авион.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното