ВИДЕО Инцидент при возење – му излета едното тркало од службеното возило на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска бил во автомобил кога му паднало тркало додека патувал за Мокрин, каде што бил во посета на локалните жители. Тој во моментот на инцидентот бил во службено возило.

Има и видео снимка, на која се гледа како автомобил поминува покрај еден од патиштата.

На видеото кое е објавено на страницата 192 на Инстаграм, се гледа како автомобилот вози на сред пат, почнува да лебди, а следниот момент паѓа задното лево тркало. Автомобилот потоа застанува, обезбедувањето излегува, а снимката завршува таму.

Повредени нема, но ќе биде покрената истрага за овој инцидент.

Вучиќ денеска додека беше во Кикинда, каде разговараше со граѓани, на шега рече дека на пат кон Мокрин му пукнала гумата на автомобилот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното