Еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, Иван Нисов преку видео повик се огласи и проговори за тоа каква е неговата состојба.
Тој е моментално на лекување во Полска.
Како што вели, веќе е подобар, состојбата му е смирена, додека претходно имал проблеми со дишењето.
Од она што му го кажале тамошните лекари, внатрешно бил прочистен, но се уште прима инхалации, кислород, инфузии, и лекови преку неа.
Иван се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата и ќе може да се врати дома во Македонија.