Украинските безбедносни служби објавија видео за кое тврдат дека го прикажува уништувањето на моќниот руски систем TOS-1A. Системот, тврдат тие, бил уништен од ракетите ХИМАРС.
Додаваат дека системот бил уништен со екипажот и целосната муниција. Веројатно затоа се случила огромната експлозија.
Русите ги сметаат системите ТОС за гордост на нивната армија. TOS-1A, таканаречениот Буратино, го добил името по лик од руска детска книга. Тоа е оружје со голема моќ, толку моќно што може да уништи цели градски области со само еден удар.
Оружјето е всушност комплексен ракетен фрлач со повеќе цевки кој истрелува термобарични ракети. При истрелувањето, ракетата испушта облак од запалива течност над целта, која потоа се запали и достигнува температури од неколку илјади степени.