ВИДЕО Кијану Ривс повторно докажа дека е најдобар човек во Холивуд: Снимката со детето ги разнежни сите!

Актерот Кијану Ривс е познат како еден од најхуманите луѓе во Холивуд.

Минатиот месец, Киану Ривс беше во Хјустон со својот бенд и по тој повод го направи денот на едно момче и создаде спомен за цел живот.

Имено, пред настапот две момчиња и нивната баба го чекале актерот и му побарале автограм, но на крајот добиле дополнително изненадување.

„Тој се потпиша на мене и брат ми, а потоа го прашав дали ќе фрли топка“, вели момчето.

Кијану се согласил и си поиграл неколку минути со момчето, кое признало дека бил малку нервозен бидејќи сепак е голема ѕвезда.

Ова не е првпат Кијану да биде во центарот на вниманието поради својата скромност и спонтаност, а често се труди да ги израдува своите обожаватели, особено децата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното