Во последните денови, скопјани се соочуваат со зголемен број на кражби во повеќе населби низ градот. До нашата редакција пристигнаа видео снимки од граѓани, на кои се гледаат крадци како упаѓаат во домови и објекти, предизвикувајќи страв и загриженост меѓу жителите.
Според пријавите, најпогодени се населбите Црниче и Карпош, поточно улицата Париска, каде што граѓаните се соочуваат со зголемени ризици за своите домови. Во едниот случај тие се со покриени лица, а во другиот јасно се гледаат на снимката од безбедносната камера.
Граѓаните апелираат до надлежните институции да ги засилат патролите и безбедносните мерки во овие области. „Се чувствуваме небезбедно во сопствените домови. Ова не е прв пат да се случуваат вакви кражби, но сега ситуацијата станува неподнослива,“ вели еден жител на Црниче.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, жителите бараат од надлежните да преземат конкретни чекори за спречување на кражбите и враќање на чувството на сигурност.