ВИДЕО Куче влегло во училиште во Косово и каснало четири деца – убиено е!

Четири деца се повредени вчера во напад на куче што се случил во училиште во Косово. Кучето каснало ученици од прво, второ, петто и шесто одделение.

Медиумите објавија видео од надзорна камера на кое се гледа куче во училишниот коридор. На видеото не се прикажуваат каснувања.

Кучето влегло во училиштето во селото Широки кај градот Сува Река следејќи ги учениците кои со храна се враќале од одмор. Откако влегол во училишните простории почнал да ги напаѓа децата. Се сомнева дека кучето било заразено со беснило.

Кучето нападнало и полицаец кој потоа го убил со службеното оружје. Нападот се случил околу 9:40 часот.

Едното од хоспитализираните деца е пуштено од болница, другото е на Одделот за инфективни болести.

Сопственикот на кучето бил уапсен веднаш по нападот, обвинет за предизвикување јавна опасност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното