На денешниот протестен марш во Кочани мајка која го изгубила својот син во пожарот во Кочани вели „полицајците, инспекторите имале бенефит од тоа, рација не се прави најавено“.
-Полицијата и пред време ја најави рацијата, и полицајците цел саат имаат чекано надвор за да ги скријат малолетниците и да си ја продаваат соучесниците дрогата на монструмот и кога влегле они знаеле дека било доцна. Рација не се прави најавено. Јавна тајна е дека дел од полицајците, инспекторите имале бенефит од ова. Ама зошто? Зошто нашите деца? Тоа е болно. Сите овие деца се од чесни семејства, вели мајка која го изгубила својот син во пожарот во дискотеката „Пулс“.