ВИДЕО Македонскиот Ми-24 напаѓа руски цели во Доњецк

Украински воен блогер објави видео на кое се гледаат хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои беа во сопственост на Македонија, но одлучивме да ги донираме на Украина.

Блогерот тврди дека на видеото се гледа како хеликоптерот напаѓа руски цели во Доњецк.

„Поранешен хеликоптер од Северна Македонија Ми-24 и украински транспортен хеликоптер Ми-8 со наведувани проектили напаѓаат руски цели во регионот на Доњецк“, се вели во објавата.

Во 2023 година, Македонија одлучи да ѝ донира на Украина неколку борбени хеликоптери „Ми-24“ од руско производство, кои земјата ги набави од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година.

-Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина, соопштија тогаш од Владата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното