Мартин Гоџо од Варош беше најсреќен и успеа да го фати крстот во Охридското езеро.
За прв пат оваа година водите на Охридското езеро ги освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и го положи Чесниот крст во езерските води.
На манифестацијата присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа година во Охрид има рекорден број на посетители.
ВИДЕО Илјадници во Охрид на осветувањето на водите и положувањето на светиот крст
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Toj важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.