На TikTok е објавено интригантно видео во кое сопствениците на куќи откриваат бунар стар 126 години под нивната кујна длабок повеќе од шест метри. Ема Харисон (28) и Рис Страјнер (27) од Малверн Хилс ја реновирале својата кујна кога наишле на необично откритие.
Набргу откако се преселиле во нивниот нов дом, парот го открил капакот на бунарот и ја измерил длабочината со помош на конец и чаша. Тие сега го обновуваат бунарот со ставање стаклена покривка за да ја истакнат неговата викторијанска архитектура.
Куќата датира од 1897 година, па претпоставуваат дека бунарот е создаден во исто време со изворот на вода за домаќинството. Видеото што го споделија на TikTok стана вирално со над 8,2 милиони прегледи.
@victoriahouseinthehills Investigating the well under our kitchen floor 💧 #renovation #victorianhome #victorianrenovation #victorianrenovationuk #DIY #hiddengem #quirkyhouse #welltok #waterwell ♬ A Day in My Life – Soft boy
„Ние ги сакаме имотите од периодот и ова беше прекрасно откритие“, рече Ема. За жал, бунарот бил затворен од претходните сопственици, но сопружниците откриле дека таблата сепак го изложувала стариот дел од куќата.
Бунарот е сè уште во функција, така што во зима и наесен е полн, додека во лето нивото на водата опаѓа. Иако се уште не ја тестирале водата, Ема вели дека е бистра и чиста и дека се чувствува како природна изворска вода, пренесува nova.rs.
