Неколку американски борбени авиони се урнаа утрово во Кувајт, но сите пилоти преживеаја, соопшти кувајтското Министерство за одбрана. Се наведува дека членовите на екипажот успеале безбедно да се катапултираат и биле префрлени во болница на преглед, каде што е утврдено дека се во стабилна состојба.
Сè уште не е јасно што го предизвикало падот на американскиот авион, но инцидентот се случил за време на интензивен ирански копнен оган. Министерството за одбрана соопшти дека истрагата за „причините за инцидентот“ продолжува.

Кипар го зголеми нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во своето утринско обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион на исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој моментално поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека „нема да се вклучи во никакви воени операции“. „Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја игравме цело време – секогаш како дел од решението, а не од проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на полноќниот напад, претседателот рече дека „бездрон Шахед погодил воени објекти во британската база Акротири и предизвикал мала материјална штета“. Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база оддалечена приближно 960 километри.
