ВИДЕО: Насмевката на Мухамед – помина 45 часа под урнатините, а еве како ги пречека спасувачите!

Да избега од војната на побезбедно место – ова е судбината на малиот Мохамед Ахмед, кој е сириски бегалец во Турција. Или барем додека разорниот земјотрес од 7,8 не ја урне зградата во која живее детето.

45 часа под урнатините – толку време Мухамед помина апсолутно сам. Детето успеало да ги почека своите спасувачи кои пристигнале од Истанбул да им помогнат на настраданите во Хатај.

И ги пречекува со насмевка.

Видеото од агенцијата Ројтерс го прикажува среќниот момент кога спасувачите успеале да стигнат до детето , кое било заробено од урнатините. Со охрабрувачки зборови му даваат вода од капа од шише .

„Браво, Мохамед, браво!“ , велат спасувачите на детето.

Мухамед можеше да ги чека своите спасувачи, но многу други не. Во моментов, официјалниот биланс на загинати по разорниот земјотрес е повеќе од 7.800 луѓе . Спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани меѓу урнатите згради, бидејќи секоја минута е важна.

Според проценките на ОН, илјадници деца ги загубиле животите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното